Профил на компанијата
Краток историјат
Фирмата Градба - Инженеринг 2002 е основана во 2002 од страна на г. Панче Бошкоски, кој има повеќе од 40 години искуство во проектирање и изведба на градежни објекти, преку кое се стекнал со високо ниво на знаења и посветеност. Неговите почетоци се во градежната компанија „Илинден“ во Тетово.
По работниот период поминат во „Илинден“ - Тетово, потоа преименувана во „Тетово градба“ - Тетово, во која компанија е и генерален директор, тој основа сопствена компанија. Поголемиот дел на работата се однесува на изведба на станбени и индустриски објекти од армиран бетон и челик, како и проектирање на објекти.
Градба - Инженеринг 2002 денес
Во компанијата е вработен искусен технички кадар кој ги извршува работите на проектирање и изведување на проекти.
Градба - Инженеринг 2002 е флексибилна и модерна компанија, со усвоени нови програми и остварен перманентен прогрес. Ваквата поставеност на пазарот дозволува преземање на нови и смели задачи. Присутни сме и дејствуваме во полето на изведбата и проектирање на градежните конструкции.